среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Економијата на стаклени нозе: Ретроспектива на 2019-та година

Економијата на стаклени нозе: Ретроспектива на 2019-та година

2019-та година ќе остане запаметена како една од најнеуспешните економски години за Република Македонија. Многу ветувања, никаква реализација.

Но да почнеме со ред.

На 01 јануари 2019 година беше воведен долго најавуваниот прогресивен данок. Со овој данок, покрај стапката од 10% кај Данокот на личен доход се воведе и втора повисока стапка од 18% за лицата кои имаат нето плата повисока од 82 000 денари. Овој проект беше претставуван како пресвртница во економската политика во Република Македонија и проект со кој ќе може да се изградат многу болници, школи, театри и многу километри асфалт. Проект кој се воведува за да се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните, мерено преку Џини коефициентот.

Но што се случи. По само 8 месеци од неговото имплементирање, Владата се повлече од овој “бомбаситчен и најдобар” проект со образложение дека не ги дал очекуваните резултати. Навистина очаен изговор, направена огромна економска штета за имиџот на Република Македонија, како и за животниот стандард за просечниот Македонец.  Џини коефициентот од 2010 година континуирано се намалуваше така што ваквата политика остана без ниту еден аргумент. И малкуте странски инвеститори кои сакаа да инвестираат во Република Македонија сега се комплетно збунети и не знаат ниту колку се даноците во нашата земја, ниту колку ќе бидат во иднина. Огромна штета.

Следна неуспешна приказна е Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Согласно истиот, Владата ја намали можноста за плаќање во готовина. Имено, согласно измените на Законот,   за купување на стоки и услуги граѓаните и фирмите во кеш ќе можат да плаќаат само во износ од 500 евра или 30.000 денари. Денес слушаме дека овој закон повторно се менува и износот за купување на стоки и услуги во кеш ќе изнесува 3 000 ева или 180 000 денари.

Навистина несериозна економска политика

Што се случува на полето на привлекување на странски директни инвестиции ?? Нема никаква координирана економска политика. Инвеститори воопшто и да нема. И оние кои ги најавија се всушност договорени од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Новите инвестиции кои ги донесе Владата на СДСМ не можат да се избројат ниту на една рака. Инвестициите како   Ван Хол во Скопје, Кромберт и Шуберт во Битола, Дрекслер Маер во Кавадарци, Амфенол во Кочани, Џонсон Мети во Скопје, Адиент ситинг во Струмица, Костал во Охрид, Теламон Скопје, Ки сејфти системс Кичево, Техникал текстајлс, Маркарт во Велес, Леар Корпорација – Тетово, Гентерм Прилеп, Џагатај Кабол Скопје, Вик Скопје, Мурат – Скопје ..) се инвестиции кои ги донесе економскиот тим на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ако можете набројте 5 инвестиции донесени од Владата на СДСМ ?

Ветен економски раст од 5% а остварен раст понизок од 3%. Владата на СДСМ ветуваше силен економски раст од над 5%. Наместо тоа растот во изминатите 3 години се движи: 1% во 2017 година, 2,7% во 2018 година и 3,5% во 2019 година (за првите три квартали) Навистина се освен силен економски раст.

Ниска реализација на капиталните инвестиции

Колку една Влада работи се гледа по реализацијата на капиталните инвестиции. Владата предводена од СДСМ континуирано во сите три години владеење, не успева да реализира повеќе од 50% од капиталните инвестиции.

Пораст на Јавниот долг за цели 618 милиони евра

Едно од главните ветувања на Владата на СДСМ беше намалување на јавниот долг во државата. Но долгот не само што не се намали туку и забележа фрапантен пораст од 618 милиони евра за периодот 31.12.2017 до 30.09.2019 година. Се поставува прашањето за што одат овие задолжувања кога капиталните инвестиции воопшто не се реализираат.

Нов Закон за јавни набавки

Новиот Закон за јавни набавки кој го донесе Владата согласно кој функционерите на СДСМ вршат бројни злоупотреби. Најголема злоупотреба се прави при избор на најповолна економска понуда, пришто многу често како критериум цената е помалку од 50% а квалитетот повеќе од 50%.

Пад од 7 места на листата на Дуинг Бизнис

Светската банка во својот извештај Дуинг Бизнис нотираше назадување во бизнис климата во Република Македонија. Сето тоа е одраз на лошата економска политика на СДСМ. Да потсетиме, напредокот на листата на Дуинг Бизнис беше резултат на макотрпна работа на економскиот тим на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Застој во Царинаската управа

Во Царинската управа се спроведе проект во 2016 година за брз проток на камионите на граничните премини. Проектот СОЦДАД-Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи, всушност не функционира и прави огромни застои.

Закон за Сметководство

Предложија Закон за вршење сметководствени работи кој ги понижува сметководителите и ја девалвира сметководствената професија. Не се почитуваат правата на сметководителите, ниту ја ценат нивната работа.