среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вила Водно: Пендаровски му го врачи мандатот на „техничкиот“ Спасовски

Вила Водно: Пендаровски му го врачи мандатот на „техничкиот“ Спасовски

Во вила Водно пред малку претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Оливер Спасовски да ја формира техничката влада која што треба да ги организира и спроведе предвремените парламентарни избори.

-Врз основа на најголемата политичка партија што го формира мнозинството во Собранието, за шеф на преодната Влада го именувам Оливер Спасовски, рече Пендаровски.

На Спасовски му преостанува уште да биде изгласан за технички премиер во Собранието како наследник на Зоран Заев, кој согласно Пржинскиот договор си поднесе оставка.

-Сакам да се заблагодарам за честа и одговорноста што ја добивам како мандатар на преодната влада и да направиме се да има слободни и демократски избори, порача досегашниот министер за внатрешни работи.

По добивањето на мандатот Спасовски треба на седница на Собранието да го изнесе своето експозе како мандатар на техничката влада и програмата за работа. Се очекува техничката влада да биде избрана во Собранието најдоцна до полноќ.

Според најавите од Кабинетот, по завршувањето на собраниската седница за избор на новата техничка влада, претседателот Пендаровски во неговиот Кабинет во „Вила Водно“ ќе ги прими членовите на новиот владин состав.

Најнови вести