недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на земјава

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на земјава

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата.

Пич, кој е претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, денеска ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што ќе биде информиран за плановите и процесот на трансформација на командите и единиците на Армијата.

За време на престојот во земјава, маршал Пич ќе ја посети и Канцеларијата за врски на НАТО, а утре ќе биде примен и од претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.

Најнови вести