Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер утринава го погоди Иран.
Според првичните информации земјотресот бил во близина на нуклеарна електрана.
Локалните власти соопштија дека е испратен спасувачки тим и оти засега нема информации за предизвикана штета или повредени.