среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По два пропаднати брака, министерот Димитров во врска со новинарка, член на Советот за етика во медиумите

По два пропаднати брака, министерот Димитров во врска со новинарка, член на Советот за етика во медиумите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров (48) има нова љубов, дознава „Женски магазин“. Станува збор за новинарката Катарина Синадиновска, која е член на Советот за етика во медиумите во Македонија и со која не ја кријат врската и заедно се појавуваат на настани во Скопје.

Димитров кој досега двапати се женеше, не бил достапен на мобилниот телефон за да ја потврди информацијата. Од порталот ја контактирале Катарина која се јавила, но не сакала да коментира ништо за приватниот живот.

-Можам само да кажам дека сме блиски, но дека нашата врска не е во сферата на јавен интерес, изјави кусо Синадиновска, која е еден од оснавачите на Советот за етика во медиумите во Македонија.

Веста, во текот на вчерашниот ден најпрво ја објави vistina.mk

Најнови вести