недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Вознијацки си обезбеди четвртфинале во Окленд

Вознијацки си обезбеди четвртфинале во Окленд

Данската тенисерка Каролина Вознијацки ќе игра во четвртфиналето на ВТА турнирот во Окленд, откако претпладне во второто коло ја совлада Лорен Дејвис во во три сета.

Во меч што траеше два часа и 20 минути Вознијацки ги доби првиот и третиот сет со 6:1 и 6:4, Американката беше поуспешна во вториот со 6:4.

Противничка на Вознијацки во следната фаза ќе биде Јулија Гергес од Германија.

Наградниот фонд на турнирот во Нов Зеланд изнесува 251.750 долари.