Стана традиција пред почетокот на секое Европско првенство во националниот тим да се слави роденден на кинезитерапевтот Димитар Маневски, кој е главен и одговорен за здравјето на ракометарите.
Ако лани екипата славеше на вечера во Скопје пред да патува на СП, денеска Диме честитки ќе прими во Виена, а главниот роденденски подарок го доби од капитенот, Кирил Лазаров.
Лазаров му подари свој дрес со посвета: “За човекот со големо македонско срце и чиста душа. Среќен роденден Диме!”
извор: sportmedia.mk