Каков лош старт на домаќинот на Европското првенство, Австрија, која уште на првиот тренинг доживеа пех.
Левиот бек, Александар Херман заработи скршеница на метатарзалната коска на левото стопало и за него ЕХФ ЕУРО заврши уште пред да почне.
На негово место селекторот го повика 24-годишниот бек на Грац, Даниел Дикер, кој досега има само пет настапи за најсилниот национален тим.
Александар Херман на ЕП 2018 во Хрватска заработи повреда на десното колено уште во првиот меч, а СП 2019 го пропушти исто така поради метатарзална скршеница на тренинг.
Македонија против Австрија игра во третото коло од групната фаза во Виена.
извор: sportmedia.mk