Репрезентацијата на Унгарија забележа победа над Русија со 26-25 во првото коло од групата Ф на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Иако Унгарците во два наврати водеа со четири голови, сепак не го решија мечот, туку напротив Русија се врати во игра и имаше напад за реми.
Сепак Дибиров го промаши последниот удар, а до крајот останаа уште неколку секунди.
Унгарија во тој момент имаше осум играчи во поле заедно со голманот Миклер, што секако е голем превид на официјалните лица.
ЕХФ сигурно нема да преземе конкретни мерки, иако се работи за очигледна грешка, но судиите и делегатот би требало да бидат казнети.