понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кои се сопствениците? На чија локација ќе се гради новиот Клинички во Бардовци

Кои се сопствениците? На чија локација ќе се гради новиот Клинички во Бардовци

Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека дел од земјиштето во Бардовци каде ќе се гради новиот клинички е државно, а дел е приватно.

Но, како што дополни градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев тоа нема да биде пречка, бидејќи според генералниот урбанистички план донесен во 2010 година, кој важи до 2020-та оваа област е наменета да биде здравствена зона.

-Некои од сопствениците на земјиште ако сака да прави станбен објект или индивидуална куќа не може тоа да го направи, бидејќи генералниот УП веќе предвидува намена – здравство и јас верувам дека приватните сопственици на земјиште ќе бидат задоволни- кажа Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош.

Богоев не открива, во чија сопственост се приватните парцели на кои ќе се гради објектот, ниту колку ќе чини експропријацијата на земјиште.

Пристап до броевите на парцели и имотни листови има Агенцијата за Катастар, како и кои се сопствениците.

Дополнително, од општина Карпош за Република велат дека за прашањето колку пари ќе им се плати на сопствениците на парцелите на кои ќе се гради објектот, одговори да се бара во Министерсвото за финансии.

Инаку, вчера од ВМРО-ДПМНЕ обвинија Филипче бесрамно кажал дека ќе потроши, 300 милиони евра повеќе отколку предвиденото со договорот за изградба на клиничкиот центар на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и Венко Филипче расипнички се однесуваат со парите на граѓаните. Заев и Филипче мора да одговорат која е потребата да се потрошат 300 милиони евра повеќе од потребното.  Власта треба  да одговори зошто е потребно граѓаните на Република Македонија да платат оштета за раскинување на веќе готов договор за градба на клинички кој е поефиктивен и побрз. Ова е уште еден доказ дека власта не работи во полза на граѓаните. Наместо неосновано трошење на повеќе од 300 милиони евра власта може со тие пари да изгради уште три клиники низ државата и истите целосно да ги опреми. Филипче најави дека изградбата на клинички ќе се одвивала околу седум години, пет години повеќе отколку планираната изградба на клиничкиот центар според проектот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, стои во вчерашната реакција на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„СДСМ ќе ги остави граѓаните пет години години повеќе без современ клинички центар. Власта нема ниту еден разумен аргумент за трошењето на 420 милиони евра во услови кога истиот може да се изгради за околу 120 милиони евра“.

 

Најнови вести