Македонија не ја оствари целта и со една победа и два порази го завршува настапот на ЕП 2020 без пласман во главната фаза. Голманот Борко Ристовски откри дека и натаму ќе го брани голот на нашата селекција.
Неуспехот на ова ЕП за 37-годишниот голман на македонската репрезентација не значи крај и откажување…
„Се додека ме вика селекторот и се додека јас имам сила, за македонската репрезентација секогаш ќе бидам тука, на располагање“ – рече Борко Ристовски.
Следен предизвик за нас ќе биде првиот бараж за Светското првенство во Египет во април.
извор: 24rakomet.mk