Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за еднакви можности на жените и мажите.
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи јавна расправа за Предлог-планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Македонија 2020-2021.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да продолжат две седници на кои треба да расправаат за Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, со Акциски план за спроведување за 2020-2022 година и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, по скратена постапка – II читање (поднесен од: Самка Ибраимоски).
На Комисијата за европски прашања ќе има амандманска расправа за Предлог-законот за стратегиски инвестиции во Република Македонија, по скратена постапка.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледува Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, во прво читање.
Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.