среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Авион исфрли керозин врз деца- 60 лица хоспитализирани (ВИДЕО)

Авион исфрли керозин врз деца- 60 лица хоспитализирани (ВИДЕО)

Екипаж на патнички авион на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ исфрли авионско гориво врз училиште во градчето Кудахи во близина на Лос Анџелес.

Исфрлањето керозин беше поради принудно слетување на авион Боинг 777 на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Керозинот бил исфрлен врз главите на децата кои играле во училишниот двор вчера претпладне по локално време.

Најмалку 60 луѓе, повеќето деца, биле хоспитализирани поради иритација на кожата и проблеми со дишењето. Според информациите, за среќа, повредите се мали.