среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

„Република“ отвора дилеми: ЕДС на Анѓушев продадена на грчка банкротирана фирма, а сега со неа управува неговиот кум?

„Република“ отвора дилеми: ЕДС на Анѓушев продадена на грчка банкротирана фирма, а сега со неа управува неговиот кум?

Според информациите кои излегоа во јавностa точно е дека кон крајот на април 2018 година Кочо Анѓушев ја продаде ЕДС на Грчкото електростопанство ППЦ, но сето тоа беше направено контрoверзно и под сомнителни околности со оглед на тоа дека Грчкото електростопанство во време на купродажбата било во банкрот, пишува Република.

Друга сомнителна околност е што Митко Кржовски е назначен за управител на Друштво за трговија и услуги Енерџи Деливери Солушнс -ЕДС ДОО Скопје, кој наводно му е кум на Анѓушев. Кржовски е назначен да управува со ЕДС на местото на Анѓушев, откако тој најави дека ќе се повлече од сите управувачки функции во компаниите кои ги поседува откако беше назначен за вицепремиер на тогашната влада.

И додека кај нас, Анѓушев формално се тргна од челото на ЕДС, грчката телевизија Скај објави дека се отворила истрага за купување на ЕДС на Кочо Анѓушев од страна на грчката државна компанија за електродистрибуција. Купувањето се случило неколку месеци пред Преспанскиот договор, при што владата никогаш не ја донела почетната цена што Анѓушев ја побарал. Според истражувањето откриено е дека парите на (ДЕИ) легнале на лична сметка на Анѓушев, додека аквизицијата била направена по предлогот на подружницата на (ДЕИ) во Албанија, каде што бил поставен поранешниот гувернер на шеќерната индустрија и извршен директор на СИРИЗА, Џорџ Ланзас.