Шпанската репрезентација е меѓу најголемите фаворити на Европското првенство кое се одржува во Австрија, Шведска и Норвешка. Бранителот на тронот го започна шампионатот со три убедливи изданија и најави дека нема лесно да се откаже од титулата освоена во Хрватска пред две години.
Една од ѕвездите на „црвената фурија“ е поранешниот вардарец, Алекс Душебаев. На прашањето на Gol.mk што мисли за одиграното од страна на Македонија на ова ЕП, тој рече:
„Групата беше тешка за Македонија, со оглед на тоа што играше со домаќинот Австрија. Против Чешка најголем проблем беше разбранетиот голман. Тоа е така на вакви турнири, не можете да се надевате на победа ако противничкиот голман има над 12 одбрани. Сепак мислев дека Македонија нема да биде елиминирана“, смета шпанскиот репрезентативец.
Потоа 27-годишникот зборуваше за Вардар и неговите шанси одново да обезбеди завршен турнир во Лигата на шампионите.
„Вардар е секогаш квалитетен за пласман на „фајнал-форот“ во Лигата на шампионите. Групата е тешка и има многу добри противници, но мислам дека има шанси за висок пласман“, заврши Душебаев.
Македонија ќе играше токму во групата со шпанската репрезентација, доколку успееше да ја мине првата фаза на континенталниот собир.