Унгарија го победи Исланд со убедливи 24:18 а тоа значи дека Европското првенство заврши за уште еден гигант, селекцијата на Данска доживеа елиминација.
По елиминацијата на Франција, на Европското ракометно првенство не продолжува ниту актуелниот Светски шампион доживеа елиминација уште во групната фаза.
Данска важеше за главен фаворит за златниот медал, но по само три одиграни натпревари го завршува настапот на континенталниот собир.
Унгарија тргна силно, поведе со 3-0, но Исланд брзо се врати и на полувремето тие имаа предност од три голови разлика, 12:9.
Унгарците одиграа неверојатно второ полувреме во кое примија само шест голови а дадоа 15, на крајот сосема заслужено победија со 24:18.
Тие не само што се пласираа во следната фаза, туку таму пренесуваат и два бода. Исланд без бодови продолжува понатаму, а Данска заедно со Русија од оваа група доживува елиминација.