Најмалку 16 лица загинале во Руанда, кога гром удрил во црква на Адвентистите од седмиот ден.
Вкупно 14 лица загинале на лице место, а двајца починале подоцна во болница, соопшти денеска градоначалникот на округот Наругуру.
Во инцидентот биле повредени 104 лица кои веднаш биле испратени во болници и други медицински центри. Тројца биле во критична состојба но почнале да се опоравуваат.
Повеќето повредени денеска се пуштени дома. (МИА)