сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Средношколец го фати крстот во Дебар

Средношколец го фати крстот во Дебар

На традиционалното скокање по крстот, во духот на големиот Христијански празник Богојавление Водици, во Дебар најсреќен беше Бранко Силјановски, ученик во втора година во дебарската гимназија.

-Пресреќен сум. Ова ми е вторпат како скокам во осветените води во овој базен, а ете денеска ми се насмевна среќата да го фаќам светиот крст. Посакувам многу здравје, среќа, радост за сите. Бог се јави, за многу годни да ни е овој голем празник, изјави Бранко.

За него, како и за другото момче, Давид Василевски, кое скокаше по светиот крст годинешниот кум Коста Аврамовски, иселеник од Австралија имаше обезбедено награди.

-Во Австралија живеам повеќе од три децении, но секогаш во срцето ги носам Македонија и Дебар, каде што сум роден и каде пораснав. Секоја година од пред Божик до Водици сум тука во Дебар. Посакувам здравје, среќа, благосостојба за сите Македонци каде и да се, изјави Аврамовски.