сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: СДСМ како за сѐ досега така и сега вети и излажа дека затворениот зелен пазар почнува со работа од 1 јануари

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: СДСМ како за сѐ досега така и сега вети и излажа дека затворениот зелен пазар почнува со работа од 1 јануари

Зоран Заев и градоначалникот Константин Георгиески крајно лицемерно и без никаков срам пред еден месец божем го отворија затворениот зелен пазар, ова денеска преку прес-конференција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-СДСМ како за сѐ досега така и сега вети и излажа дека затворениот зелен пазар по цели три години доцнење почнува со работа од 1 јануари 2020 година.
Дојдоа, се сликаа и си заминаа, а пазарџиите останаа надвор среде зима. Дали раководството на ЈП „Градски Пазар“ работи на подобрување на современите потреби на денешното живеење како што ветуваше? Власта на СДСМ ги остави пазарџиите својата дејност да ја реализираат во неадекватни услови за работа. Јавниот паркинг и техничките одделенија сместени во зградата не работат, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Од партијата додаваат дека со СДСМ нема унапредување на условите за работа на пазарџиите. Охриѓани се свесни дека СДСМ и готов проект не знаат да го стават во функција, а да не зборуваме за нова капитална инвестиција.

-Со СДСМ и Георгиески нема нови проекти за Охрид. Лагите на СДСМ и Заев завршуваат на 12 април кога доаѓа обновата, нови проекти и нов развој за Охрид и Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.