четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вељановски: Владата молчи за скандалозниот закон со кој македонскиот се третира како втор и странски јазик

Вељановски: Владата молчи за скандалозниот закон со кој македонскиот се третира како втор и странски јазик

Поминува осмиот ден како владата молчи за скандалозниот закон со кој македонскиот јазик се третира како втор јазик и како странски јазик во Република Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ваквиот понижувачки однос кон македонскиот јазик СДСМ повторно се обидува набрзина да ги заобиколи процедурите, да го прекрши Уставот и да го игнорира крикот на стручната јавност, ставајќи ја политиката над науката и македонските национални интереси. Денес ќе укажеме на уште една недоследност, односно намерно непрецизирање на проблематиката којашто се однесува на топонимите со овој закон. Имено, топонимите во Република Македонија се прогласени за културно наследство и за нив е предвидена заштита од прв степен. Законското решение на Заев, Спасовски и СДСМ не предвидува усогласување на овој дел од Законот за употреба на македонскиот јазик со Законот за културно наследство. Тоа значи дека намерно се остава простор за заобиколување на заштитениот статус на топонимите како културно наследство и се остава простор тие да не се користат во својата изворна форма, односно да се заменуваат со неизворни топоними, рече Вељановски.

Тој додава дека ова е уште еден доказ дека за СДСМ, Заев и Спасовски, македонскиот јазик може да биде втор или странски јазик во Република Македонија, се додека мислат дека со тоа имаат дневнополитичка и теснопартиска корист.

-СДСМ, Заев и Спасовски мора итно да престанат со прекршување на Уставот и законите и со понижувачкиот однос кон македонскиот јазик и македонските национални интереси. Владата мора да ги слушне и прифати реакциите на 90% од стручната јавност за ова штетно и понижувачко законско решение, и овој закон мора да се донесе во редовна процедура низ три читања, а не на препознатливиот за Заев и СДСМ шверцерски начин. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот штетен и омаловажувачки однос кон македонскиот јазик од страна на СДСМ и ќе работи на негово итно и темелно подобрување. Обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на македонските национални интереси, потенцираше Вељановски.

Најнови вести