сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕК планира да ги укине монетите од еден и два евро-цента

ЕК планира да ги укине монетите од еден и два евро-цента

Европската комисија планира укинување на монетите од еден и два евро-цента, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Весникот истакнува дека ЕК утре ќе ја претстави програмата за работа што го содржи предлогот „единствено правило на заокружување“ со цел да се укинат најмалите монети.

Во извештајот на ЕК од 2018 година се наведува дека поголем број земји-членки од еврозоната преминале на заокружување на цените на пет центи.

Според извештајот со укинувањето на еден и два цента би се заштедило на трошоците на производство, но и на нивното броење и транспорт.