Рената Дескоска успешно ја игра улогата на адвокат на мафијата. Јовевски ќе биде поканет на работни групи, на кои тој ќе може да го елаборира неговиот став. Расправите вчера и денес се за да се слушне независната експертска јавност, а не Јовевски кој две години нема откриено еден криминален случај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дескоска може во име на Јовевски, доколку не сака тој да одговори до каде се постапките за Рекет 1,2 и 3? Зошто се чекаше притисок од јавноста за да почне нешто да се случува со случајот Рекет 1!? Зошто немаме никаква реакција од Јовевски за Леонардо, грантовите од Фондот за иновации, низа нерасчистени убиства и други криминали!? До кога ЈО ќе биде маша на власта!? Токму затоа се и забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, порачуваат од партијата.