Шарлиз Терон изгледаше како божица на 22-рото издание на Costume Designers Guild Awards.
На свеченоста која се одржа во Беверли Хилс, 44-годишната актерка магнетски привлекуваше погледи во блескава креација.
Златниот фустан, кој е дело на врвната модна куќа Луј Витон, холивудската ѕвезда го искомбинира со впечатливо венче и црна чантичка.