петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Курц го поддржа мировниот план на Трамп за Блискиот Исток

Курц го поддржа мировниот план на Трамп за Блискиот Исток

Австрискиот канцелар Себастијан Курц  ја подржа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на проблемот меѓу Израел и Палестина.

„Поздравуваме што САД и претседателот Трамп со конкретни предлози се вклучуваат во решавањето на еден од најтешките конфликти во меѓународната политика“, истакна Курц во зедничкото соопштение со министерот за надворешни работи, Александер Шаленберг.

Меѓународната заедница и ЕУ веќе со децении сакаат со решението „две држави“ да се заврши конфликтот и крвопролевањето, нагласија двајцата Австријци.

Курц и Шаленберг апелираа до сите страни да се прифати американскиот план како повод за обновување на преговорите под раководство на САД, за врз тие основи да се дојде до конечно решение.

„Застојот во процесот на изноѓање мир на Блискиот Исток трае веќе предолго“, констатираа двајцата.