понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Индиските министри заспаа за време на претставување на буџетот

Индиските министри заспаа за време на претставување на буџетот

Речиси сите министри во индиската Влада заспаа за време на претставување на буџетот на земјата за оваа година.

Министерката за финансии на Индија, Нирмала Ситхараман го собори сопствениот рекорд за најдолг говор, зборувајќи денеска на говорницата точно два часа и 38 минути.

Очевидно, по говорот, не само што Ситхараман беше уморна, туку и парламентарците се досадуваа.

По завршувањето на говорот, парламентарците беа целосно истоштени и побараа законски да се ограничи должината на говорите.

Претходниот рекорд на Ситхараман беше минатата година, повторно за време на презентација на државниот буџет, кој траеше малку пократко – „само“ два часа и 13 минути.