среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава – Обвинителството молчи

Мицкоски: Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава – Обвинителството молчи

Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава. И еден човек е најодговорен за сето тоа. Заев е виновен!, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во продолжение можете да ја прочитате и погледнете целата објава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ:

Се случи “Рекет1” и „Рекет 2“. Генерален секретар на Влада договора тендер од 8 милиони евра. На Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски му беше дозволено да излезе од затвор, за потоа тој да избега. Во 10 дена, фирми блиски на Заеви добиваат лиценци за извоз на марихуана. Зоран и Вице Заеви купувале гласови за избори. Кога Заев се заканува на бизнисмени пред гласање, кога се гласа за 3 секунди, кога има крвави тендери, кога има криминални иновации, кога Курто Дудуш тепа граѓани, кога Павле Богоевски нарачува „полче“, Обвинителството молчи.

Молчат.

Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава. И еден човек е најодговорен за сето тоа.

Заев е виновен!

Најнови вести