четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Еден детаљ на Супер боул ги запали медиумите: Настапот на Џенифер Лопез оценет како провокација за Трамп, фановите ја поддржаа (ФОТО)

Еден детаљ на Супер боул ги запали медиумите: Настапот на Џенифер Лопез оценет како провокација за Трамп, фановите ја поддржаа (ФОТО)

Дел од перформансот на Џенифер Лопез (50) на Супер боул вчеравечер од страна на американските медиуми беше оценет како провокација кон Доналд Трамп и тоа поради еден детаљ кој латино американката го изнесе на сцената.

Станува збор за бундата во боите на Порторико специјално направена за пејачката и нејзиниот перформанс на овој важен спортски настан.

Џенифер Лопез заедно со ќерката Ем (11) ја изведе песната „Родени во САД“, а сето време го носеше порториканското знаме.

За потсетување родителите на Џенифер се од Порторико, а таа откако е на јавната сцена гордо го истакнувала своето латинско потекло.

Медиумите инаку веднаш ова го оценија како провокација кон Трамп, а на социјалните мрежи фановите овој нејзин потег го оправдаа и го оценија како исправен.

Инаку и Шакира (43) која исто така настапи на Супер боулот пред перформансот порача дека е добро што две големи латино американки настапуваат на исти настан.

Најнови вести