сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек фатени во жестока расправија во автомобил

ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек фатени во жестока расправија во автомобил

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа фотографирани во лошо расположение додека се возеле низ Лос Анџелес, а на фотографиите што ги сподели Page Six, се чини дека тие биле фатени во жестока расправија.

Како што пренесува Page Six, атмосферата за време на возењето на холивудската двојка била доста напната. На една од снимките може да се види пејачката како луто гледа напред додека сопругот и се обраќа.

На друга фотографија, Лопез го гледа Афлек додека тој продолжува да зборува.

Парот во неколку наврати беше забележан во лошо расположение во јавноста, а со оглед на тоа што Бен неодамна беше фотографиран како ужива во друштво на поранешната сопруга, многумина се прашуваат каков однос има со Лопез.

Бен и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер се венчаа во 2005 година, а решија да се разведат во 2015 година. Долго време беа во лоши односи. И покрај тоа што не успеаја да останат заедно, за доброто на децата ги решија сите несогласувања кои ги имале.

Најнови вести