сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Новиот дом на Џенифер Лопез вреден 60 милиони долари: Ѕирнете во луксузната резиденција која дивата ја уредува „во полна пареа“

ФОТО: Новиот дом на Џенифер Лопез вреден 60 милиони долари: Ѕирнете во луксузната резиденција која дивата ја уредува „во полна пареа“

На почетокот на јуни Џенифер Лопез и Бен Афлек службено се преселиле на нова адреса, а имотот којшто го избрале по едногодишната потрага за заеднички дом е навистина спектакуларен.

Брачниот пар платил 60 милиони американски долари за еден од најпријатните имоти во Беверли Хилс, со одлично осигурување.

Според податоците достапни на страницата на познатата агенција за недвижнини „Redfin“, на имотот со големина од 5,2 хектари се наоѓа главната резиденција на два ката со 12 спални соби, 24 бањи и 15 камини.

Кино-сала, теретана, бар, просторија за масажа, приватен салон за педикир, маникир и фризура, се само мал дел од луксузните „додатоци“ кои ги има новиот дом на еден од најпознатите парови на светот.

Секако, тука е и базенот со греење и пространа тераса со голема надворешна кујна.

Гостите кои ќе им доаѓаат во посета не мора да се грижат за паркинг, на имотот има затворена гаража за 12 автомобили и 80 надворешни паркинг места. Имотот има и куќа за гости од 464 метри квадратни за чуварите и помошниците.

Кога ќе се заситат од уживањето во базенот, гостите можат да се преместат во затворениот, спортски компекс во кој се наоѓа теретана, терен за „pickleball“, простор за разни спортски активности.

Најнови вести