сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Педагогот или министер Димитров: Нашите граѓани не се плашат од поголема строгост или враќање во поправна клупа?!

Педагогот или министер Димитров: Нашите граѓани не се плашат од поголема строгост или враќање во поправна клупа?!

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во хрватското собрание се сретнаа со претседателот на Комисијата за надворешна политика Мире Коваќ и претседателот на Комисијата за европски прашања Домагој Иван Милошевиќ.

-Веруваме дека обновениот пристап може да резултира со двојна победа, односно отварање на преговорите заедно со усовршен пристапен процес. Нашите граѓани не се плашат од поголема строгост или враќање во поправна клупа доколку постои назадување. Напротив, така сметаат дека подобро ќе ги држат политичарите за збор. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор кој одамна го посакуваме, потенцираше Димитров за време на средбата.