среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров бара разрешување на Мизрахи бидејќи ја тргнала таблата со „Северна“

Димитров бара разрешување на Мизрахи бидејќи ја тргнала таблата со „Северна“

„Премиерот Оливер Спасовски да ја разреши министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи“, побара денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Реакцијата на Димитров доаѓа откако министерката Мизрахи во петокот во МТСП пред да одржи прес-конференција, ја отстрани таблата со „Република Северна Македонија“ и постави нова со Република Македонија.

Димитров кажа дека со ваквото однесување на Мизрахи се крши Уставот, а Грција веднаш во петокот испратила вербална нота во Министерството за надворешни работи.

-Доколку веднаш своето однесување не го врати на линија и во рамките на Уставот, му сугерирам на премиерот Оливер Спасовски да предложи нејзино разрешување до Собранието. Укажувам дека во нејзиното делување има и елементи што можат да повлечат кривична одговорност по член 353 и член 390 од Кривичниот закон, но, тоа е делокруг на работа на други државни органи, рече Димитров.

Најнови вести