понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Професор Лазаров: Силна поддршка на извозот како главен мотор на економскиот раст

Професор Лазаров: Силна поддршка на извозот како главен мотор на економскиот раст

Постоечкиот модел на раст на македонската економија базиран на домашна (приватна и јавна) потрошувачка стимулирана директно од државата само го продлабочува буџетскиот и трговскиот дефицит на земјата и нема капацитет да испорача стапки на раст поголеми од 2-3%. Ова укажува дека е потребно ургентно менување на таквиот економски модел и градење на нова развојна стратегија насочена кон подобрување на продуктивноста, поддршка на преработувачката индустрија и извозот. Всушност, само на тој начин може да бидат остварени стапки на раст на БДП од 4-5% во наредниот период.

Ова во анализа која ја направи за КУРИР го истакнува универзитетскиот професор Дарко Лазаров.

Со него зборувавме за економските мерки кои вчера ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Во таа насока, моделот за модерна реиндустријализација и подобрување на извозната конкурентност на македонската економија што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно го промовираше вчера како дел од економската програма за следните парламентарни избори е практично понуда на еден сосема нов развоен концепт. Имено, мерките за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување; реформирање на Македонската банка за поддршка на развојот во Македонска извозно развојна банка со основна задача да обезбеди поволни кредити и извозна поддршка за домашните компании; и креирање на мрежа на извозни промотори за домашните извозни компании што Мицкоски ги најави се навистина ветувачки и истите ќе обезбедат силна поддршка за зголемување на извозната конкурентност на македонската економија, истакна професорот.

Професорот дава силна поддршка на извозот како главен мотор на економскиот раст

-Дополнително, најавената мерка за редефинирање на програмата за привлекување на СДИ во насока на таргетирање на странски компании со најголем потенцијален бенифит за македонската економија е во насока на решавање на проблемот на постоечкиот модел на СДИ кој се однесува на слабата поврзаност на домашните со странските компании што е главна причина за малата домашна додадена вредност на извозот од ТИР зоните, истакна тој во анализата за КУРИР.

Лазаров оценува дека оваа мерка ќе овозможи посилни економски ефекти од СДИ за домашната економија преку поголема вклученост на домашните компании во ланците на снабдување на странските компании како нивни добавувачи.

-На крај, мерката за изградба на модерна иновациска инфраструктура преку отворање на иновациски и ИТ центри, бизнис инкубатори и акцелератори, научни и технолошки паркови ќе придонесе за зголемување на извозот на ИТ услуги и подобрување на продуктивноста на македонската економија, нешто што дополнително ќе го динамизира растот на економијата, анализира универзитетскиот професор Дарко Лазаров за КУРИР.

 

Најнови вести