сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за ЈО нема да го спаси Заев и неговите блиски соработници за направените криминали

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за ЈО нема да го спаси Заев и неговите блиски соработници за направените криминали

ВМРО-ДПМНЕ како и секој ден така и денеска ги објавува петте факти на денот поврзани со власта на која како што велат тие и доаѓа крајот.

Факти на денот:

  1. Насилничкото и шверцерско туркање на законот за јавно обвинителство ја потврдува намерата на Зоран Заев за бегство од одговорност за скандалите и криминалите.
  2. Алијанса за Албанците и БЕСА нема да го поддржат насилничкото носење на законот јавно обвинителство. Заев ја губи поддршката кај албанскиот блок.
  3. Клопчето околу Дрисла се одмотува. Директни виновници за отпадот кој се носи во Дрисла се луѓе членови на СДСМ и блиски на Зоран Заев. Ќе се понесе ли одговорност?
  4. Агенцијата за храна и ветеринарство се претвори во партиски штаб на СДСМ. Партиски членови се вработени во АХВ, а до петок се очекуваат уште нови 35.
  5. Талат Џафери контра желбите на Заев. Дециден дека Собранието ќе се распушти во понеделник, согласно законот и одредбите од ДИК.

Најнови вести