сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали Владата е фатена во „шверц“ на законот за Јавното обвинителство?

Дали Владата е фатена во „шверц“ на законот за Јавното обвинителство?

Во 22 часот законот за Јавното обвинитество пак ќе се најде на седницата на Собранието, но сега верзијата која наводно била усогласена во владата, верзија која од синоќа до денес била „надградена“ и проширена, пишува Плусинфо.

Плусинфо неофицијално дознава дека во „надградбата“ на текстот на законот е избришан Бадентер, каменот на сопнување, но се изменети и некои други значајни одредби, без знаење на коалициските партнери.

Тие, пак, се побуниле и инсистирале законот да се врати на собраниската седница во договорената форма. Извор од владејачката коалиција за Плусинфо потврди дека воопшто не е одржана формална седница на владата, на која бил усогласуван законот за Јавното обвинителство.

Нема одговор на прашањето на опозицијата за каква усогласена верзија на законот ќе заседава Собранието, кога владата воопшто не одржала седница. Во собраниските кулоари владее нервоза во сите пратенички групи. Се очекува бурна седница, по паузата до 22 часот.

Најнови вести