понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија против двојазичноста во нивниот град

Советниците на СДСМ не дозволија двојазичноста да биде ставена на дневен ред, по што советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија  седницата на Советот.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија против двојазичноста во нивниот град

На денешната седница на Советот на општина Гевгелија, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара прва точка на дневен ред да биде ставена дискусија на законот за двојазичност и неговите општо применливи и финансиски импликации во нивниот град.

Советниците на СДСМ не дозволија двојазичноста да биде ставена на дневен ред, по што советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот.

Имено пред почетокот на седницата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ пред нив поставија листови со испишани пораки до советниците на СДСМ во врска со двојазичноста.

Со законот за двојазичност истата се наметнува на целата територија на Република Македонија и без за тоа  да постои реална потреба, во места каде што нема ниту еден Албанец. Законот кој беше донесен на сила наиде на голем отпор кај граѓаните, а жителите од внатрешноста на државата веќе велат дека истиот е неприменлив, реагираа советници од ВМРО-ДПМНЕ.