Кралицата Елизабета ги покани принцот Хари и неговата сопруга да се вратат во Велика Британија на почетокот на март по повод одржување на Денот на Комонвелт.
На 9-ти март парот би требало да се врати и да присуствува на прославата.
За кралицата Елизабета ова е многу значаен датум, па затоа сите се убедени дека Меган и Хари ќе мора да ги спакуваат куферите и да се упатат кон Велика Британија.
На 9 март сите поважни членови од кралското семејство се собираат за да прослават, каде што главен збор има токму кралицата Елизабета II.
Дали ќе ја прифатат поканата и ќе отпатуваат во Велика Британија останува да видиме.