среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Саем на домашно вино“ во Општина Илинден

„Саем на домашно вино“ во Општина Илинден

На 14 февруари, со почеток во 9:00 часот во населеното место Ајватовци, во Општина Илинден по седми пат ќе се одржи традиционалниот „Саем на домашно вино“.

На овој своевиден вински фестивал на којшто ќе учествуваат повеќемина винопроизводители од Општина Илинден ќе биде извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин.

Изборот ќе го извршат членовите на „Вински витези“ од Македонија – здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.

Саемот на виното се одржува во рамките на одбележувањето на големиот верски празник Свети Трифун и празникот на лозарите. Свеченоста ќе почне во 8.00 часот со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

По ова ќе следува симболично закројување на лозовите насади со што ќе биде означен почетокот на годинешниот Саем на домашно вино.