вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Законот за двојазичност не може да стапи во сила без потпис од претседателот на државата

-Законот е само изгласан. Законот е закон, тогаш кога со указот ќе ги има двата потписа, бидејќи ветото значи “не дозволувам овој закон да произнесе правно дејство“, рече Силјановска.
Силјановска: Законот за двојазичност не може да стапи во сила без потпис од претседателот на државата

Професорката и експерт за Уставно право, Гордана Силјановска, во вечерашното нејзино гостување во емисијата „Ноќно студио“ на Телма, говореше за законот за двојазичност, неговата содржина и  начинот на негово носење во Собранието на Република Македонија.

Како што рече Силјановска до сега не видела, а и не слушнала дека во некоја држава во Законодавниот дом се носеле закони без претходна расправа.

Силјановска децидно истакна дека законот не може да стапи на сила само со потпис на претседателот на Собранието, туку со врзан потпис од претседателот на државата. Односно за законот да стапи во сила потребно е тој да биде потпишан како од претседателот на Собранието, така и од претседателот на државата. Без потпис од претседателот на државата, тој нема да може да стапи во сила.

-Законот е само изгласан. Законот е закон, тогаш кога со указот ќе ги има двата потписа, бидејќи ветото значи “не дозволувам овој закон да произнесе правно дејство“, рече Силјановска.

Според неа, причина за кршење на Деловникот  е тоа што пратениците наместо да го толкуваат Деловникот правно, тие Деловникот го толкува политички.

Таа констатираше дека Деловникот и Уставот  е прекршен од претседателот на Собранието, пратениците зошто не го разгледале повторно законот и забелешките од претседателот.

Најнови вести