вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Влада заглавена во афери и криминал: Од изборите зависи дали ќе има правна разврска или ново забошотување на скандалите

Дека владее криминал во првите “борбени“ редови кај Заев е јасно, но тоа што народот го интересира е дали за тој криминал некој ќе одговара. Едно е сигурно, а тоа е дека додека СДСМ се на власт правна разврска нема да видиме. Правниците се согласни дека има индици дека актуелните функционери се вмешани во случаи кои треба да влезат во суд. Случаи за кои треба да има пресуди и случаи за кои некој ќе мора да одговара. Но за тоа мора да се смени власта и да се прекине спрегата влада-обвинителство-суд. Тоа ќе биде првиот чекор во раскринкување и растурање на востановената спрега меѓу извршната и судската власт во Македонија, секако и во обвинителството
Влада заглавена во афери и криминал: Од изборите зависи дали ќе има правна разврска или ново забошотување на скандалите

Македонските граѓани веќе се навикнаа дека со новиот ден доаѓа и нов скандал на владата на СДСМ. Освен со кафе,  утрото во Македонија стартува и со нови криминални афери во кои се вклучени луѓе од врвот на актуелната влада.

Две најнови индиции за криминал на СДСМ во долгата и непресушна низа вчера обелодени и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој беше гостин во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Вклучени во овие нови можни криминални афери се две ударни тупаници на Зоран Заев и СДСМ – министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче.

Николоски во дебата со Шекеринска на македoнската јавност и предочи информации за можен криминал тежок половина милион евра во министерството за одбрана.

Тој истакна дека машина „Грејдер“ била набавена од страна на министерката за двојно повисока цена од онаа која истата фирма ја продава во Србија.

-Како е возможно иста машина во Македонија да се купи за Х цена за во Србија да се купи за цена поделена со два. Јас имам документи овдека пред мене, сте купиле „Грејдер“ на 6-ти јуни 2018-та година, две парчиња вкупна вредност 470 илјади евра од фирма „Корковадо“ од Белград. „Корковадо“ на 20.12.2019 година, 6 месеци подоцна, го продава истиот тип на машина во Србија исто така понудена на јавна набавка за 127 илјади евра. Како е возможно, значи, да имате толкава разлика во цена 235 илјади евра или ако одиме машина по машина од околу 100 илјади евра за истата машина од истата фирма. Тоа е прашањето на кое македонската јавност очекува одговор. Добро е да одговорите како е возможно „Корковадо“ во министерството за одбрана на Македонија да продава за 470 илјади евра две машини значи една да ја продава за 235 илјади евра, а во Србија истиот „Корковадао“ ја продава машината за 127 илјади евра, вели Николоски.

Николоски на „Топ тема“ на Телма изјави и дека семејството на министерот за здравство Венко Филипче и партнерот со кој гради куќа имаат и заедничко земјиште од 15.000 метри квадратни.

-Како се купува толку земјиште без некој да сноси одговорност, ја праша Николоски Радмила Шеќеринска со која гостуваше во „Топ тема“.

Тој праша и како е можно во овој случај да нема судир на интереси и оти нема функционер на СДСМ кој не е влезен во некој вид криминал.

Овие скандали се само последни во низата кои го одбележуваат владеењето на партијата на чие чело е Зоран Заев.

Партискиот претседател, пак, познавачите на состојбите го сместуваат  на врвот на пирамидата криминали во Македонија.

Неговото име се поврзува со голем број на криминалци во земјава, па така човекот кој ветуваше правда во нашата земја ги донесе најголемите неправди кои на македонскиот народ му се имаат случено. Нјаинтересно е што истито пред неколку дена и го предводеше Маршот за правда на СДСМ. Заев,з апостетување, е три пати амнестиран – за случаите „Глобал“, за „Пуч“ и за „Поткуп.“

Свесен дека кога – тогаш доказите ќе излезат на виделина, екс – премиерот си најде начин како да се спаси себеси и да ја заобиколи правдата. На насилен начин се донесе Закон за јавно обвинителство кое ќе биде скроено по негова мерка. За да собере 80 гласови потребни за двотретинско мнозинство Заев прифати сè. Но, не само за да им се додвори на пратениците од други партии, туку очебијно и да се заштити себеси и своите најблиски соработници.

Последен од случаите кои најмногу ја разбранува македонската јавност е „Рекет“. Првоосомничен е Бојан Јовановски (Боки 13), а по него и екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Со двајцата, Заев беше во блиски односи, а и ги фалеше или се оградуваше од нив додека веќе не му се исцрпија можностите да глуми дека ништо не знае.

Така, по обелоденувањето на вмешаноста на Јанева, Заев продолжи да ја фали.

-Јавното обвинителство рече дека е отидено во нејзиниот дом, земен е само телефонот, не е правен претрес, се со цел да се утврди нејзина инволвираност, дали е тоа соучесништво или е само злоупотребена во оваа работа. Кога луѓе кои се бореле за правда и покажаа храброст во време кога сите шепотеа и тоа како стојам зад таква личности, додека не се докаже дека е инволвирана во криминал, нагласи Заев во јули минатата година.

Заев тврдеше и дека не комуницрал со Боки 13, но доказите го издадоа.

Излегуваат на виделина докази за релациите Боки 13-Зоран Заев: Каква е поврзаноста меѓу екс-премиерот и обвинетиот за „Рекет“?

Аудио бомбата која пратеникот Милошоски ја пушти во Собрание покажува зошто Заев не сакаше да важат снимките и се бореше за амнестија. Но, истовремено покажува какви биле неговите релации со обвинетиот за „Рекет“, Боки 13.

„Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации… Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година“.

Овие зборови на екс-премиерот Зоран Заев одекнаа од говорницата на Собранието откако како аудио бомба ги пушти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

На снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски (Боки 13) кој е обвинет за случајот „Рекет“ заедно со Катица Јанева.

Во аудио записот, Заев вели дека помошта била во пари, поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.

На едно од последните рочишта за „Рекет“ на кое беа презентирани материјални докази од страна на Обвинителството беше презентирана и комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Обвинетиот Јовановски го молел поранешниот премиер Заев, да го прими на состанок. Во комуникацијата остварена во февруари 2019 година, обвинетиот Јовановски му пишувал на тогашниот премиер Зоран Заев.

-Во име на нашето познавање и почитување ве молам да ме примите на средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, му пишал Јовановски на Заев.

На оваа барање Заев, му одговара дека се залагал за владеење на правото и дека оваа е недозволиво.

-Ги видов доказите, оваа е чист рекет, му вели Заев на Боки 13.

Овие докази Обвинителството ги обезбедило од  „Ватсап“ комуницирал меѓу Боки 13 и неговата мајка Јасминка Јовановска, остварена во април 2019.

Иако судот ја откри тесната комуникација помеѓу Боки 13 и поранешниот премиер, тој во август минатата година свесно лажеше и преку статус на својот Фејсбук профил и ја отфрли било каквата поврзаност, соработка или пак комуникација со Боки 13 за случајот „Рекет“.

-Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот „Рекет“ и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај. Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста, напиша во август Заев.

Инаку за потсетување на јавноста, во разговорите на италијанскиот весник „Ла Верита“ Боки 13 постојано ја истакнуваше својата блискост со премиерот и дури и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка.

Тој му велеше на Камчев дека разговарал со Заев и дека тој нема да прави проблем, објави во август италијанскиот весник.

За Рашковски „нема зима“

Генералниот секретар на Владата,  Драги Рашковски, неретко се спомнува во скандалите на СДСМ.

-Постојат сериозни сомнежи дека Зоран Заев и Драги Рашковски со склучување на договорот со САРХЕМС прават огромна штета на буџетот на Република Македонија изразена во десетина милиони евра. Затоа, бараме од ЈО итно да го истражи случајот и да поднесе соодветни кривични пријави. Ова пред два месеца преку свој статус на Фејсбук го истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Рашковски дадоа 72 милиони евра на фирма без никакво искуство во областа, фирма која е формирана само 24 дена пред да биде распишан огласот. Целокупната постапка ја водеа сомнително. Почнувајќи од тендерската документација, која беше пресликана од физибилити студијата, до процесот на избор и склучување на договор, кој помина крајно нетранспарентно, иако станува збор за договор тежок 72 милиони евра. Заев и Рашковски молчат откако го потпишаа договорот и не кажуваат кој ќе ги плати 72 милиони евра, дали директно буџетот или граѓаните преку покачени патарини и авионски услуги!? Што добиваат граѓаните од тие 72 милиони евра, колку летови се вкалкулирани, колку чини час лет, колку и кој ќе плаќа откако ќе се надмине бројот на прелети!?, прашува Јанушев на 14-ти декември.

Тој во својот статус додава дека набавката на хеликоптерски услуги е крајно сомнителна.

Oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека е отворен предмет и се постапува во врска со случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, по објавената аудио снимка каде се слуша гласот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

-По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас. Во меѓувреме кон овој предмет е споена и кривичната пријава поднесена од страна на политичка партија. Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот, се наведува во соопштението од Обвинителството.

„Експрес“ објави шокантен разговор меѓу тројца високи државни функционери за тендер финансиран од Европската Банка за Обнова и Развор (EBRD) кој тргнувајќи од јавниот интерес го објави во транскрипт и аудио форма без никакви промени, онака како што е доставен од свиркачи.

Во разговорот како што сами ќе забележите има потврда за неколку прекршување на законот, расистички испади но и дискриминација на цели европски нации од страна на генералниот секретар на Владата Драги Рашкоски.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Рашкоски според законот нема никакви ингеренции да зборува или да одлучува за тендери на Акционерското друштво М НАВ.

Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот сеуште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи и на истиот ги притискал претставниците на оваа државна компанија да го протнат тендерот. Ова го открива втората аудио-бомба за случајот „Леонардо“ која ја објавува „Економски Лидер“.

Не е само Зоран од Заеви

Освен неговите партиски соработници, во сомнителни афери се вмешани и членови на најблиското семејство на Заев.

На пример, името на неговиот брат Вице Заев често се спомнува во јавноста, но не по позитивни работи.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран и Вице Заев се среќавале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Тоа го потврди и лично Заев кој призна дека знаел, а не пријавил за сомнителното финансирање на 1ТВ и рекетот вршен преку медиумот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во предметот „Рекет“. Што разговарале и дали затоа се развлекуваше апсењето на Јанева до крајот на летото!?

-Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет. Дополнително од снимките слушнавме дека Заев лично се ангажира околу рекламирање и помагање на рекет телевизијата на Боки 13. Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Обвинителството и судството се во директна спрега со Заеви и затоа снимките од средбите на Вице Заев со осудениот Кичеец се без аудио запис. Токму затоа и ЈО не го повикува Заев. Случајот се канализира и се одвлекува вниманието од Зоран и Вице Заеви, се наведува во партиското соопштение.

Името на Вице се провлекува и во бизнисот со марихуана во земјава, со сомнителни купопродажни договори, па до славното „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“.

Дека владее криминал во првите “борбени“ редови кај Заев е јасно, но тоа што народот го интересира е дали за тој криминал некој ќе одговара.

Едно е сигурно, а тоа е дека додека СДСМ се на власт правна разврска нема да видиме. Правниците се согласни дека има индици дека актуелните функционери се вмешани во случаи кои треба да влезат во суд. Случаи за кои треба да има пресуди и случаи за кои некој ќе мора да одговара. Но за да видиме правна разврска, експертите согласни дека нешто сериозно ќе мора да се смени во државата, т.е. да се смени власта.

Тоа ќе биде првиот чекор во раскринкување и растурање на востановената спрега меѓу извршната и судската власт во Македонија, секако и во обвинителството.

Се додека во Македонија владее Кацарска судството, Рускоска обвинителството и на власт е СДСМ, премногу оптимистички е дека некој од нив ќе одговара за сторените криминали. Затоа, велат експерите и самите челници на СДСМ најавуваат нјагрда и највалкана кампања, обидувајќи се да ја извртат вистината и да ја смират јавноста со тезите дека крининалите кои ќе и бидат предочени ќе биле лажни вести?! Власта, како и секогаш до сега, по навика ја навредува интелигенцијата на опствениот народ.

Единствен начин да се расчисти со тешкиот криминал на актуелната гарнитура е таа да се смени. најават е дека по 12-ти април, македонската јавност ќе биде фрапирана од она што се правело во државата.

Адвокатот Панче Тошковски, претседател на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека правдата во Македонија е погребана.

-Само во време на СДСМ аболициран човек за кој се водеше и кривична постапка за  поткуп може во исто време да е премиер и претседател на тело за реформи во правосудството. Само овие луѓе може критикуваните контра протести да ги прошират и надградат во форма на небулозни претпротести, наречени „марш за правда“. Само овие луѓе можат да смислат навидум законско решение за ЗЈО со кој идни прислушкувани материјали не можат да бидат ни индиции, а камо ли пак докази во постапка. Така што, од тригодишното владеење на СДСМ, како заклучок може да произлезе само дека реформа во правосудството која ќе не доближи кон европската иднина на Република Македонија е обична илузија. Промена на оваа власт и овие луѓе кои насилнички, незаконски и неуставно го истераа цел мандат е услов без кој Македонија не може да зачекори кон правна држава, анализира тој во изјава за КУРИР.

 

 

Најнови вести