недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: СДСМ не е мултиетничка партија, другар Заев!

СДСМ, како наследничка на некогашната Комунистичка партија на Македонија (подоцна Сојузот на комунисти на Македонија и СКМ – Партија за демократска преобразба), е македонска партија, другар Зоран Заев!, пишува во својата колумна новинарот Бранко Героски.
Героски: СДСМ не е мултиетничка партија, другар Заев!

Да, токму така, другар Зоран Заев – СДСМ не е мултиетничка партија!

Иако ти кажа дека е. Прецизно, ти кажа дека СДСМ не е македонска, туку е мултиетничка партија и тоа го поврза со мултиетничкиот карактер на државата. А не си во право. Ама ич не си во право!

СДСМ не е ни моноетничка, ни биетничка, ни мултиетничка партија. Етницитетот како категорија нема апсолутно никаква врска со политичкиот и со идеолошкиот карактер на партијата чиј претседател сега си ти. Освен ако нешто тајно не сте запишале во нејзините документи, во што не верувам.

СДСМ е партија која никогаш немала и никогаш не смее да има било каков етнички предзнак или атрибут. Убеден сум дека ова го знае секој член на СДСМ и дека никој не прифаќа партијата да добие етничка дефиниција, макар и да се нарече мултиетничка.

Сето тоа нема врска со мултиетничкиот карактер на населението во Македонија. Патем речено, по тоа нашата земја не е ексклузивен пример во Европа и во светот, а најмалку, пак, во регионот. Нема земја која на е мултиетничка. Па што?

СДСМ, како наследничка на некогашната Комунистичка партија на Македонија (подоцна Сојузот на комунисти на Македонија и СКМ – Партија за демократска преобразба), е македонска партија, другар Зоран Заев!

Големи историски битки се водени македонската комунистичка партија да биде таква, македонска и самостојна. И во периодот пред и за време на Втората светска војна (па и порано дури), сè до времето кога СКМ-ПДП, под водство на Петар Гошев, Бранко Црвенковски, Киро Глигоров и другите носечки кадри на таа партија, го предводеше процесот на осамостојување – прво осамостојување на партијата од хегемонистичката политика на југословенската компартија притисната од Милошевиќ, а потоа и осамостојување на Македонија од поранешна Југославија.

Мислам дека нема член на СДСМ којшто ова не го знае. Ако има такви, тоа значи дека тие членови на СДСМ не ја помнат или ја извртуваат, а помладите не ја изучуваат историјата на својата партија.

А да не се знае дека СДСМ е македонска партија навистина е многу грдо!

Целата колумна можете да ја прочитате ПЛУСИНФО

Најнови вести