понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: СЈО и ЈО се комплетно претворени во штабови на СДСМ

Димовски: СЈО и ЈО се комплетно претворени во штабови на СДСМ

Правдата и законите треба да важат еднакво за сите.

-Јас ќе споменам еден предмет кој излезе во јавноста пред два месеци, во оној познат италјански весник „Ла Верита“ за изборните манипулации кои се случувале во Струмица и во Радовиш. Сите оние разговори кои се случувале помеѓу луѓе од локалното раководство и некои од републичкото раководство сите тие докази биле обезбедени на легитимен начин со дозволени ПИ-мерки, со дозвола од јавен обвинител со дозвола од суд итн. И таму имате еклатантни податоци како се купувале, како се вработувале, како бремена жена се избркала од работа заради тоа што не гласала за СДСМ и ЈО одлучило да не постапи во конкретниот случај. За нас е еклатантно јасно и СЈО и ЈО во целокупното време се комплетно претворени во локални штабови на СДСМ. Тие постапуваат таму каде имаат насока политички да елиминираат, или да уценуваат, СЈО да ги рекетира бизнисмените, а таму каде треба да се заштити некој од типот на Рашковски, градоначалникот од Шуто оризари и на многу други афери кои ни се случија минатиот период нема никаква постапка, ова го укажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во своето гостување „Топ Тема“.

Димовски во своето гостување посочи дека поради сето ова потребно е ЈО и правосудниот систем да си ја завршат својата работа, а својата работа ќе си завршат кога ќе ги третираат сите граѓани еднакво.

-Тогаш има правда и тогаш има еднаквост. Не може градоначалникот на Шуто оризари кој му направил фрактура на череп на граѓанин на Шуто Оризари, а не добива ни условна казна, добива судска опомена и кога станува збор и за човеково здравје, за физичка пресметка, судството раководено од СДСМ го штити зошто е градоначалник од СДСМ. Ние велиме дека правдата и законите треба да важат еднакво за сите. Еве во законот за ЈО има проблематичен член 110 и во тој закон до одредена дата да важат бомбите како докази, после тоа нема да важат. Не можеме да се двојат луѓето за едни да важат, за други да не важат, додаде Димовски.

Најнови вести