четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

БиХ под истрага поради дампинг цени

БиХ под истрага поради дампинг цени

Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ потврди дека и официјално земјата е под истрага поради дампинг цени.

Босна и Херцеговина и Бразил се пријавени на Европската Комисија поради тоа што со дампинг цени на силициум го загрозиле пазарот на ЕУ и предизвикале материјална штета на економијата.

Станува збор за руда која се користи во металната индустрија, а е произведена во две фабрики, членки на италијанската „Metalleghe“ групација. Се што ќе произведат, извозуваат на пазарите на ЕУ.

– Во првите десет месеци од годинава извозот во ЕУ е значително зголемен во однос на минатата година и изнесува 28.000 тони во вредност од над 50 милиони евра, истакна Шаровиќ.