понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Од утре почнува пролетта, а еве од кога летното сметање на времето- не заборавјте да го мрднете часовникот напред

Од утре почнува пролетта, а еве од кога летното сметање на времето- не заборавјте да го мрднете часовникот напред

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува утре во 17:15 часот и ќе трае до 21 јуни во 11:07 часот кога календарски почнува летото.

Летното сметање на времето пак, почнува во последниот викенд во март 2018-та година, односно ноќта во 2 часот меѓу 24 и 25-ти март.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот , ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, додека на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.