понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Борко доаѓа, а овој голман си оди од Вардар

Борко доаѓа, а овој голман си оди од Вардар

Борко Ристовски доаѓа во Вардар, а со тоа еден од чуварите на мрежата си заминува. Летонскиот голман Артурс Кугис повеќе не е дел од „црвено-црните“ затоа што тој ќе си бара нова средина.

Кугис дојде во Вардар со големи амбиции, но не успеа да ги оправда. Имаше само една добра партија, против Порто во Лигата на шампионите кога имаше двоцифрен број на одбрани, а тоа беше се од него.

Сега, Вардар има четири голмани, а покрај Ристовски дел од тимот се Калифа Гедбан, како и младите Кизиќ и Гогов.

Артурс во Вардар дојде од германски Гросвалштат, а особено беше забележителен во квалификациите за ЕП 2020 година, и неговите одбрани беа одбележани и од страна на ЕХФТВ по натпреварот со Словенија, по кој за првпат Летонија избори место на ЕП.

Извор: ГОЛ.МК