Австрија ќе ги запре сите мигранти кои се обидуваат да ја преминат границата, освен ако не се преземат мерки за нивно запирање во Грција и другите балкански земји. Тоа го нагласи рече министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.
-Унгарија и Хрватска уверија дека ќе ги надгледуваат своите граници, рече конзервативниот Нехамер за телевизијата ОРФ.
– Ако луѓето и покрај тоа стигнат до нас, тие мора да бидат запрени, рече австрискиот министер за внатрешни работи.
Нехамер додаде дека Австрија е подготвена да соработува со балканските земји и да им помогне во евентуалниот миграциски притисок.