Марија Шарапова во интервју за магазинот „Вог“ порача дека не планира да се враќа на тенисот како Ким Клајстерс и Серена Вилијамс. Русинката пред неколку дена објави дека се повлекува од ВТА турот по низата проблеми со повреди и откри дека нема да ја прекинува „пензијата“ како нејзините колешки од Белгија и од САД.
„Ветувам дека нема да се вратам“, рече Шарапова.
Руската тенисерка освои пет гренд слем титули во кариерата и 39 на останатите ВТА турнири.