Власта се обидува на секој начин да спречи да се дознае вистината за криминалите на Зоран Заев и поврзаноста со „Луј Витон“ случаите.
ВМРО-ДПМНЕ почна билборд кампања преку која потсетува на, како што велат, криминалните активности на екс премиерот Заев. Но, ова не и се допадна на власта која се обидува да ја сокрие вистината од граѓаните.
Поставените билбордите се вандализирани и офарбани со боја со цел да се прикрие пораката и вистината за поврзаноста на Заев во криминалите кои остануваат премолчени од институциите. Очигледно на СДСМ им пречи вистината.