четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Курц предупредува на драматични последици ако ЕУ дозволи влез на мигранти

Курц предупредува на драматични последици ако ЕУ дозволи влез на мигранти

Европската унија ќе се соочи со огромен бран мигранти доколку дозволи влез на било кој од 13.000 луѓе кои сега се наоѓаат на турско-грчката граница, предупреди австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Ако сега подлегнеме на турскиот притисок, доколку претседателот Ердоган излезе како победник кој одлучува дали десетици илјади луѓе ќе влезат во Европската унија, тогаш стотици илјади ќе ги следат, рече Курц на прес-конференција во Виена.

– Ова е турски напад врз ЕУ и врз Грција, рече Курц коментирајќи ја одлуката на турскиот претседател да им дозволи на мигрантите да заминат кон ЕУ, спротивно на договорот меѓу Брисел и Анкара.

Според австрискиот канцелар, „голем број пристигнувања ќе предизвикаат крај на европската безгранична Шенген зона и слободното движење на луѓе во Европа ќе стане историја“.

Австриската Влада претходно одржа работна седница посветена на ситуацијата со сириските бегалци долж границите меѓу Грција и Турција, јави ДПА.