четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски на средба со генерал-полковник, Сенад Машовиќ

Пендаровски на средба со генерал-полковник, Сенад Машовиќ

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го прими генерал – полковник Сенад Машовиќ, началник на Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

-На средбата беа разменети мислења и информации за севкупната армиска и одбранбена соработка меѓу Македонија и Босна и Херцеговина, и заедничкото учество на двете армии во странски мировни мисии. Пендаровски и генерал – полковник Машовиќ на средбата разговараа и за можностите за зајакнување на меѓусебната соработка во функција на поголем придонес на билатерален и на мултилатерален план. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Македонија и како 30-та членка на НАТО ќе продолжи со добрата армиска соработка со Босна и Херцеговина, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Тој додаде дека е одлична можноста припадници на нашата Армија да се дообучуваат во центрите за обука на Босна и Херцеговина, а на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје да се образуваат питомци од Босна и Херцеговина, со што воената обука и образование ќе придонесуваат во развојот на армиската соработка.

Најнови вести