Популарната српска пејачка Милица Тодоровиќ ги загрижи сите свои колеги и фанови откако го откажа гостувањето во една телевизиска забавна емисија.
Милица, наводно, ги откажала своите настапи во наредниот период поради екстремно високата температура.
-Жал ми е што Милица не дојде затоа што таа е секогаш во позитивно расположение, искоментирала Катарина Живковиќ во бекстејџот пред снимањето на емисијата.
Како што пишуваат медимите, Милица боледува цела недела.
Инаку, Милица веќе неколку месеци е во врска со актерот Петар Стругар, а многумина шпекулираат и дека наскоро ќе ја крунисаат романсата со брак.